БМВ го покажа единствениот фабрички Е36 М3 компакт (ФОТО+ВИДЕО)

Со Е36 компакт БМВ се обиде да се вмеша во битката за престиж во класата на компактни автомобили, попозната како голф-класа.

 

Компанијата сакаше помладите купувачи да ги внесе во светот на М моделите, нудејќи им компактен спортски автомобил.

Сепак, БМВ во 1996 сметаше дека е сè уште рано за сериски модел, па приказната заврши со концептно возило и само еден произведен примерок.

Доколку овој модел сепак влезеше во сериско производство, веројатно под хаубата ќе имаше 3,2-литарски шестцилиндерски мотор.

Што се однесува до прототипот, тој за погон користел агрегат со 321 коњска сила, земен од серискиот БМВ М3 Е36, што за скратениот модел со само 1.300 килограми од тоа време е навистина сила за почит.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе