БМВ го објаснува забрзувањето од 0-100 км/ч, што е важно, а што не (ВИДЕО)

Без разлика дали сте вљубеник во автомобилите или не, забрзувањето од 0-100 километри на час е најверојатно една од првите наведени бројки што ја забележувате, заедно со моќноста, максималната брзина и, најверојатно, потрошувачката на гориво.

БМВ реши да објасни што е тоа што го прави автомобилот навистина брз од место. Баварската компанија дури направи и интернет микросајт посветен на забрзувањето од 0-60 милји на час (0-96 км/ч).

Едно од нештата што веднаш може да го заборавите е аеродинамиката. Што значи дека кога некој ќе каже дека геландевагенот (или Г-класата) на Мерцедес има форма на цигла и затоа не може да биде спортска, всушност нема никакво значење за забрзувањето. Аеродинамиката на автомобилот станува важна при големи брзини и брзото влегување во свиоци, но дефинитивно нема значење за забрзувањето од 0-100.

Она што е важно при забрзувањето, особено од место, е добар сооднос на моќноста и тежината и оптимално триење со подлогата, и во однос на гумите и на она по што возите. Добриот баланс меѓу овие фактори може да биде подеднакво важно како да имате само моќен автомобил па дури и системи за поддршка на возачот како лонч контрол, иако овој систем навистина може да ви се најде.

За она што допрва нѐ очекува, подгответе се за свет со моментално достапен висок вртежен момент кој ќе ви биде овозможен во кој било спортски автомобил или суперавтомобил благодарение на електромоторите. Според БМВ, нема да помине долго за супермоќните електрични спортски автомобили да ја пробијат бариерата од две секунди – нешто што се сметаше за невозможно сѐ до неодамна дури и за најмоќните конвенционални или хибридни хиперавтомобили.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе