БМВ ги претстави икс5 М и икс6 М со 600 „коњи“ (ФОТО+ВИДЕО)

БМВ ги објави техничките детали на новата генерација на спортските М верзии на своите два кросовери.

 

БМВ икс5 М и икс6 М го имаат можниот 4,4-литарски М твинпауер турбо V8 мотор со 600 коњски сили и вртежен момент од 750 њутнметри. Моторот е во комбинација со автоматскиот осумбрзински М стептроник менувач, кој силата ја пренесува на сите 4 тркала.

Двата автомобили до „стотка“ забрзуваат за само 3,9 секунди, додека максималната брзина е електронски лимитирана на 250 км/ч. Со опцискиот М драјвер пакет границата се крева на 290 км/ч.

Купувачите кои сакаат уште посилни верзии на моделите икс5 М и икс6 М можат да ја нарачаат компетишн верзијата со 625 коњски сили. забрзувањето од0-100 км/ч се скратува на 3,8 секунди, додека максималната брзина е непроменета.

За безбедно сопирање на икс5 М и икс6 М се користат спортски сопирачки со дискови со пречник од 395 милиметри напред и 380 милиметри назад. Основните еврзии стандарднос е испорачуваат со 21-инчни алуминиумски бандаши, додека компетишн верзиите на пред имаат 21-инчни тркала, а позади 22-инчни.

Официјалната светска премиера на БМВ икс5 М и икс6 М ќе се одржи на автомобилскиот саем во Лос Анџелес во ноември, а продажбата полнува во 2020 година.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе