БМВ ги брои деновите до претставувањето на новата серија 3 (ФОТО+ВИДЕО)

Со објавување кратко видео и мала галерија фотографии, БМВ малку по малку го најавува пристигнувањето на новата серија 3 на Парискиот автомобилски саем следната недела.

 

На објавените фотографии најверојатно е моделот М340и М перформанс. Оваа верзија ќе биде врвот на понудата сѐ до пристигнувањето на новиот М3 следната година. Според она што досега се знае, М340и ќе има 3,0-литарски турбобензинец со шест цилиндри во линија и 360 коњски сили. погонот на задните тркала и осумбрзинскиот автоматски менувач ќе бидат стандардни, додека икс-драјв системот за погон на сите тркала ќе треба да се доплати.

Најинтересните измени на новата серија 3 можат да се видат на задниот дел (барем според објавените снимки). Дизајнерите на баварската компанија се решиле за поаглесто решение, што може да ги вознемири БМВ традиционалистите, но најверојатно ќе биде генерално добро прифатена промена.

БМВ најави дека новата серија 3 ќе биде претставена во вторник, 2 октомври, во 9 часот наутро по средноевропско време.

На другата страна на понудата на новата серија 3 ќе се најдат неколку модели со 1,5-литарските бензински и дизел мотори на БМВ, а ќе има и најмалку два електрични хибриди кои ќе ги користат 1,5-литарскиот и 2,0-литарскиот мотор на компанијата.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе