БМВ гарниш концепт – повторно создавање на изгубениот оригинал (ФОТО+ВИДЕО)

БМВ го користи настанот Конкорсо д’елеганца во Вила д’Есте за претставување повеќе стилски концепти, но оваа година одигра малку поинаку со презентацијата на гармиш концептот.

 

Создаден од Марчело Гандини од Бертоне, оригиналниот гармиш концепт бил базиран на БМВ 2002 и бил прикажан на автомобилскиот саем во Женева во 1970. Меѓутоа, по дебито исчезнал.

Бидејќи судбината на оригиналот останува мистерија, БМВ си постави тешка задача повторно да го создаде овој модел. Тешка поради тоа што многу малку оригинални документи за гармиш концептот се зачувани.

За да ги надмине тешкотиите, германската компанија формирала специјален тим составен од луѓе оф БМВ класик и БМВ дизајн. Тие добиле „мал избор на оригинални фотографии“, кои биле главно црно-бели, и почнале да ги пренесуваат стилските елементи од оригиналниот гармиш на новиот автомобил. На тимот му помагал и дизајнерот Гандини со дополнителни информации за моделот кои инаку би биле изгубени во историјата.

Според Гандини, резултатот е прилично верен на оригиналот: „Кога го видов завршениот автомобил, тешко ми беше да го разликувам од оригиналот“. Тоа е голем комплимент од дизајнерот кој работел на проекти како алфа ромео карабо, ланча стратос зеро и ламборгини миура за време на 14-те години како директор на Бертоне.

За гармиш не може баш да се каже дека е убав, но во секој случај е елегантно купе со две врати со контроверзна интерпретација на култната маска на БМВ со двата бубрези. Концептот има и застаклени фарови и интересна прекривка на задното стакло.

По дебито на Конкорсо д’Елеганца, новиот гармиш концепт ќе стане дел од колекцијата на БМВ музејот во Минхен, Германија.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе