БМВ Е30 М3 и убавината на возењето (ВИДЕО)

За голем број вљубеници во автомобилите едноставниот чин на возење е едно од големите задоволства во животот и овој краток филм, создаден од јутјуб каналот Дривен моушн совршено го доловува.

Филмот со наслов „Интервјуто“ почнува покажувајќи како човекот по име Кевин влегува во голема деловна зграда на интервју за работа. За жал за Кевин, интервјуто не минува како што тој се надева и е приморан да се врати кај неговиот автомобил, ни помалку ни повеќе БМВ Е30 М3, одбиен. Меѓутоа, откако ќе седне зад воланот, се почнува да се менува и возбудата од возењето го обзема.

Ако возите Е30 М3 доцна навечер по испразнетите градски улици, сигурни сме дека ќе се чувствувате подеднакво добро. Е30 М3 важи за еден од најдобрите спортски автомобили некогаш направени од БМВ и во последно време стана еден од најпосакуваните колекционерски модели. Исклучително лесен и со мотор со речиси 200 коњски сили кој сака високи вртежи под хаубата, лесно е да се сфати привлечноста.

Додека Кевин го вози своето бемве по улиците, на семафори до него запира нисан скајлајн Р32 ГТ-Р. Зад воланот е истиот човек што го интервјуираше. Очигледно импресиониран од М3-то, тој на Кевин му го нуди работното место.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе