БМВ Алпина Б12 5.7 (850ЦСи) – гранд турерот на своето време (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Секој вљубеник во БМВ серија 8 (Е31) има специјално место во срцето за Алпина Б12 5.7 купе, исклучително ексклузивен автомобил со само 57 произведени примероци.

 

Базиран на, во тоа време тукушто претставениот 850 ЦСи, под хаубата го има С70Б56 V12 моторот на БМВ, со зафатнината растегната на 5,7 литри. Има и модифициран отвор за воздух, коленесто вратило и брегасти оски, а издувниот систем е дизајниран од Алпина.

Овој конкретен примерок е со црвена боја и лепенки на Алпина. Б12 5.7 купе има и хауба од карбонски влакна.

На фотографијата на која се гледа ентериерот, иако делумно, може да се види дека ова е еден од 25 примероци опремени со шестбрзински рачен менувач од Гетраг. Останатите имаа шифт-троник менувач.

V12 моторот под хаубата дава 410 коњски сили со вртежен момент од 570 њутнметри, што за стандардите од 1992 година се прилично импресивни бројки за гранд турер – нешто како ферари 812 берлинета на своето време...

Што се однесува до спринтот во права линија потребни му се 5,8 секунди да стигне до 100 км/ч и продолжува сѐ до максималната брзина од 300 км/ч.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе