Мерцедес-бенз Г500 4х4 енок П1

Блиндиран мерцедес Г500 4х4 е фраерски до коска (ВИДЕО)

Мислевте дека мерцедес-бенц Г500 4х4 не може да биде поекстремен? Овој примерок покажува дека со малку оклоп може да се претвори во возило кое во борбена зона ќе изгледа како дома.

Германската компанија Грума стои зад овој „геландеваген“. Создаден е во соработка со Арморд кар системс, а инспирацијата е добиена о оклопната Г-класа која ја користи германската војска и која пружа заштита од воева муниција од јуришни пушки и од противтенковски мини.

Моќта повторно доаѓа од 4,0-литарскиот твинтурбо V8 со 416 коњски сили, како и стандардниот модел, иако додадената тежина на оклопот сигурно има негативен ефект врз перформансите на возилото. Одговорните за овој луд проект најпрвин го опремиле „геландевагенот“ со блиндирани тркала пред да почнат да работат на каросеријата и да ја обложат со дебел оклоп.

Возилото се вика енок П1 и треба да ве заштити од противтенковиски мини и боева муниција на јуришни пушки, исто како тие на германската војска. А и изгледа многу фраерски.

Внатре изгледа подеднакво луксузно како и регуларниот Г500 4х42 и има еден куп делови од карбон како и црна кожа и облоги од алкантара, докажувајќи дека удобен автомобил сепак може да нуди екстремно ниво на заштита.

Цената сѐ уште не е откриена, но сигурно нема да биде евтин.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе