Првата Е-класа

Бизнис-лимузината на Мерцедес-бенц што ги помести границите наполни 25 години (ФОТО+ВИДЕО)

Во јуни 1995 година јавноста за првпат го запозна новитетот на Мерцедес кој со дизајнерската појава излезе од униформноста на пазарните тенденции.

 

Станува збор за серијата W210 на Мерцедес-бенц, која практично беше првиот нов модел кој официјално ја носеше ознаката Е-класа во програмата на германската компанија (претходно рестилизираниот W124 во последните две години на продажбата ја носеше таа ознака, но тоа беше стар модел од средината на осумдесеттите).

Автомобилот традиционално нудеше иновативни технички решенија, кои во овој случај ги имаше над триесет.

Главни новитети беа ЕТС (систем за електронска тракција), дизел мотор со директно вбризгување, со турбо полнач и интеркулер, новата генерација на 4матик, постојаниот погон на сите тркала, првиот во светот вграден граничник на силата на затегање на безбедносните појаси, како и воведување на системот за вбризгување на на гориво кај дизелашите познат како „комон рејл“.

Оптимизацијата на структурата на каросеријата со големи зони на деформација, со воздушни перничиња од новата генерација (за првпат во понудата и странични) се заслужни за фактот што првата Е-класа беше меѓу најбезбедните автомобили во класата.

Е-класата со ознака W210 се држеше добро на пазарот сѐ до 2002 година и ја задржа славата на претходникот со фактот што беше најпродаваниот автомобил во својата класа во светот.

Беа произведени вкупно 1.374.199 седани и 279.238 карвани.

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе