Цената на неодамна продадениот автомобил е сосема во ред во споредба со тоа за колку се продаваат зачувани примероци на овој модел на Мерцедес. Во јануари, на пример, примерок со поминати 66.000 километри бил продаден од страна на Сотби за 1,27 милиони долари. Минатата година цела низа 300 СЛ галвинг модели биле продадени за сумо од 1 милион до 1,5 милиони долари, во зависност од состојбата и поминатите километри.
Сега продадениот модел е од 1957 година и оригинално му бил доставен на купувач во Белгија, кој го чувал класичниот германски автомобил сѐ до 1981. Автомобилот ги минал следните 22 години во Британија и потоа бил извезен во Канада.
Од 2014 до 2016 година му била спроведена темелна реставрација. Тогаш му била вратена оригиналната сино-сива боја (Blaugrau) а ентериерот бил ретапациран.
Автомобилот има околу 91.000 километри на мерачот, а под хаубата се наоѓа оригиналниот мотор сосе менувачот.