БМВ 750иЛ од 1996

Бемвето во кое беше убиен Тупак се продава за 1,75 милиони долари (ФОТО+ВИДЕО)

Автомобилот во кој славниот рапер Тупак беше убиен во Лас Вегас, БМВ серија 7 од 1996 година, се продава за 1.750.000 долари.

 

Уште во 2017 година славниот автомобил беше понуден на продажба за 1,5 милиони долари, за потоа да се најде во телевизиската серија Пон старс (Ѕвезди на заложницата), но ни тогаш не беше продаден.

Неговата цена во 2020 е уште повисока и изнесува 1,75 милиони долари.

Откако во него беше убиен Тупак, бемвето имало неколку сопственици. Автомобилот е целосно реновиран, сите куршуми се извадени, а заменета е и шофершајбната.

Автомобилот е во совршена состојба, но без дупките од куршумите изгледа како кој било друг БМВ 750 иЛ од тој период.

За пример, хамерот Х1 на Тупак во 2017 година беше продаден за 205.531 долар на аукција.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе