БМВ 767иЛ „голдфиш“

Баварското V16 ремек-дело кое никогаш не стигна до производство (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фокусот на помалата потрошувачка на гориво и намалувањето на штетните емисии му се закануваат на V12 моторот, но не толку одамна БМВ почна да развива V16 мотор.

 

Иако моторите со 16 цилиндри се реткост и се поврзуваат со Бугати и Кадилак, тоа не ги сопре баварците да си играат со идејата.

Приказната почнува во 1987, кога БМВ реши да развие V12 мотор со коден назив „голдфиш“. Моторот беше базиран врз постоечкиот V12 мотор на компанијата и имаше работна зафатнина од 6,6 литри. Тоа е истата зафатнина на V12 моторот кој го „носат“ актуелните БМВ М760и и ролс-ројс гоуст.

Меѓутоа, стариот мотор немаше два турбополначи и имаше само 402 коњски сили. Тоа денес не звучи многу, но V16 беше значително подобрување во споредба со 5,0-литарскиот V12 М70Б50 мотор кој во тоа време го имаше серија 7 и развуваше 295 коњски сили.

Откако беше направен, моторот беше ставен во 750иЛ од генерацијата Е32, кој во БМВ беше познат како 767иЛ „голдфиш“ или „тајната седумка“. Нормално, моторот беше толку долг што инженерите мораа да инсталираат голем систем за ладење во багажникот. Резултатот е прототип со чуден изглед – отворен заден дел и големи странични отвори над задните тркала.

По темелниот развој, прототипот им беше претставен на „внатрешните кругови“ на компанијата. За жал, тие решиле да ја отфрлат идејата и V16 никогаш не влезе во сериско производство.

Што се однесува до актуелниот V12 мотор на компанијата, по сѐ изгледа деновите му се изброени. Во јуни годинава шефот на БМВ М Маркус Флаш кажа: „Не верувам дека ќе видиме нов модел со мотор со дванаесет цилиндри во скора иднина“.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе