Комерцијален текст

Батери Еволушн ја претстави новата OE Premium Carbon линија

Новата Карбон линија која беше промовирана на европско тло, пристигна и во продажната мрежа кај нас

Новата Exide Carbon 2.0 линија веќе е во продажната мрежа на Батери Еволушн, однопсно Premium Carbon Boost акумулаторот, најпродаваниот модел на еден од водечките европски производители Exide, добива нов дизајн и унапредени перформанси, а покрај тоа се намалуваат емисиите на CO2 и користењето на вода, додека притоа се забрзува полнењето за истите. Новиот дизајн кој пристигнува кај Premium Carbon, Exide ќе го искористи кај остатокот од своите конвенционални батерии.

Како лидер во оваа индустрија, Exide постојано ги унапредува своите производи со цел да го задржи чекорот со најновите трендови и барања на автомобилските производители. Благодарение на редизајнот, новото и уникатно решение дизајнирано од Exide ќе ги одведе Premium Carbon 2.0 батериите на едно сосема ново ниво, а доказ за тоа е и двојно побрзото самополнење при кратки релации, додека самиот дизајн е во согласност со најновите модели на најдобрите старт-стоп акумулатори AGM и EFB. Најважно од сè е што новите Premium Carbon акумулатори добиваат гаранција од 36 месеци.

Во согласност со европските регулативи, Premium Carbon 2.0 акумулаторите нудат помала емисија на CO2 со што им излегуваат во пресрет на автомобилските производители за задржување на перформансите во зададениот праг. Користејќи информации од индустријата за производство на пластика и голем број независни универзитетски студии, во Exide пресметале дека новите акумулатори чии кутии и поклопци се направени од рециклирана пластика зачувуваат до 2.700 тони CO2, осум милиони литри вода и 1,2 литри сурова нафта во производството на Exide на годишно ниво. Нов еколошки дизајн кој ја нуди истата заштита.

Новиот дизајн на батериите се одликува со нов капак со заштита од протекување и искри и двоен задржувач на пламен, со што се добива истото супериорно ниво на безбедност кое Exide секогаш го нудел во своите претходни дизајни. Ова е оригинален дизајн, кој Exide го користи за големите европски производители на автомобили.

„Ние сме посветени кон намалување на нашето влијание врз околината преку нашиот бизнис и со задоволство истакнуваме дека новиот Exide Premium дизајн има голем удел во овие наши напори. Намалувањето на 2.700 тони CO2 на годишно ниво е големо достигнување и со задоволство гледаме кон тоа да идентификуваме нови начини со кои ќе ја зачуваме околината во иднина“, истакна Стефан Стубинг, претседател и извршен директор во Exide Technologies.

Новите Premium акумулатори исто така се карактеризираат и со новата Carbon Boost формула на Exide.

„Станува збор за комерцијален рецепт за оптимална мешавина и примена на различни видови и пропорции на јаглеродни адитиви на негативната активна маса за да се добие најдобриот можен резултат за работата на акумулаторите. Работиме со овие карбонски адитиви и ги потврдивме нивните ефекти преку тестирање повеќе од 10 години и имаме широко искуство во развојот и истражувањето на ова поле“, истакна Гвидо Сканагата, менаџерот за производи во компанијата.

Генерален увозник на македонскиот пазар за Exide акумулаторите е компанијата Батери Еволушн, кој го поседува најголемиот асортиман на акумулатори во Македонија, нудејќи производи за сите видови автомобили. Покрај тоа, сите производи можат да се погледнат онлајн, а на нашиот пазар се достапни низ продажната мрежа на компанијата преку голем број на дистрибутери.

Акумулатори.мк не е само online платформа за купување на акумулатори и батерии, туку долгогодишна идеја и збир од сите производи и дистрибутери на компанијата Батери Еволушн, која од 2008 година е присутна на пазарот во Македонија како генерален увозник и дистрибутер на повеќе од 10 светски бренда, со најголем асортиман на пазарот за акумулатори и батерии и најдобра продажна мрежа во секој град во Македонија. Иако идејата постоеше многу одамна, следејки го се побрзиот и динамичен живот, каде автомобилот или останатите превозни средства станаа вистинска потреба, баш со почетокот на пандемијата одлучивме дека е вистински момент и предизвик да им го олесниме на луѓето изборот кога ќе дојде потребата за акумулатор или батерија која често може да се случи ненадејно и да одземе значително време“, вели генералниот менаџер на Батери Еволушн и креатор на akumulatori.mk – Анџело Василевски.

Akumulatori.mk платформата е составена од три чекори со кои крајниот купувач ќе може да направи вистински и квалитетен избор на акумулатор или батерија најсоодветно на своите потреби. Првиот чекор се состои од избор на соодветен акумулатор според потребите( автомобил, мотоцикл, ЕВ).

Во лесно разбирливи рубрики се поделени сите производи од акумулатори. Според потребата купувачот го избира производот кој највеќе му одговара според квалитет, цена и гарантен период.

За испорака е опфатена целата дистрибутивна мрежа на Батери Еволушн низ републиката која е составена од најдобрите продажни места за автомобилски резервни делови, акумулатори и слично, кои воедно имаат и најголемо искуство и познавање за акумулатори и батерии и ги поседуваат сите наши производи на залиха. Батери Еволушн е генерален увозник на најголемиот производител на акумулатори во светот, Exide technologies group(Exide, Hagen, Sonnenschein, Powerfit), Rombat batteries(производител на оригинални акумулатори за Renault, Nissan, Dacia, VW, Ford…), IntactGp bike power Germany( дел од МОТОGP), LONGKUNG, JYC, Nuova Brescia Accumulatori… нудиме целосен асортиман на акумулатори и батерии за сите потреби на едно место и тоа Calcium, Carbon, AGM, EFB, GEL, Lithium-Ion акумулатори за конвенционални и старт-стоп автомобили, комерцијални товарни, агрo и градежни возила, мотори, скутери, чамци, бродови, е-тротинети и скутери, индустриски батерии за UPS, соларни и алармни системи, вилушкари, платформи, телекомуникациски системи и друго.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе