Порше 924 карера ГТС од 80-тите

Автомобилски еднорог кој не знаевте дека постои (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Порше 924 е еден од помалку (за некои дури најмалку) посакуваните модели кои дошле од Штутгарт, но овој конкретен модел го заслужува вашето внимание, сѐ додека можете да ја „голтнете“ високата продажна цена.

 

Од време на време Порше прави специјални лимитирани серии на своите спортски модели како 964 карера РС или 911 Р и ова е еден од тие модели. Запознајте се со 924 карера ГТС од 1982 година кој неодамна беше понуден на аукција и проценет меѓу 220.000 и 280.000 евра. Овој примерок е еден од само 59 произведени, од кои 15 биле подготвени за трки.

Во 1980, Порше произведе 406 примероци од 924 карера ГТ за да го хомологира за ГТП класата на 24 часа Ле Ман, а 59 од тие еволуираа  во реткиот 924 карера ГТС. Овој конкретен примерок бил задржан во Порше уште една година откако ја напуштил производната лента, сѐ до август 1982.

За време на престојот во фабриката, автомобилот бил возен најмалку 8.300 километри, и било впишано дека има 271 коњска сила, односно моќноста на 924 ГТС клубспорт, наместо 249, колку што наведе аукциската куќа. Сепак, ги нема додатоците на клубспорт изведбата, како заштитниот кафез, тркачките седишта и лесната шасија.

Овој 924 карера ГТС доаѓа со цел куп оригинални упатства, генерално е во беспрекорна состојба и едноставно моли да биде вратен на патиштата.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе