Автомобилите на Волво низ Европа ќе се „бараат“ еден со друг

Волво се подготвува да ја лансира својата револуционерна технологија за поврзана безбедност низ Европа, која ќе им овозможи на автомобилите да комуницираат едни со други и да ги предупредуваат возачите за лоши услови за возење на патиштата или опасност користејќи технологија базирана на вмрежување.

Хазард лајт алерт и Слипери роуд алерт технологиите беа првично претставени во 2016 во моделите од серијата 90 во Шведска и Норвешка, но сега овие системи ќе им станат достапни на возачите на волво автомобили низ цела Европа.

Двата системи ќе станат стандардни на сите модели од производствената година 2020, но ќе можат да се инсталираат и на постари модели.

„Споделувањето безбедносни информации меѓу автомобилите може да помогне во избегнувањето несреќи“, изјави Малин Екхолм, шеф на безбедносниот центар на Волво. „Возачите на волво автомобили директно придонесуваат во безбедноста на патиштата за другите возачи, а и тие имаат корист од раните предупредувања за опасни услови за возење“.

Истражувањата на Волво покажале дека приспособувањето на брзината на одредени сообраќајни услови може радикално да го намали ризикот од несреќи, што значи дека предупредување до возачите за претстојни опасности преку вмрежените безбедносни технологии може да придонесе на подобро однесување на возачите, овозможувајќи им да предвидат што им наидува на патиштата.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе