Автомобил се преврте 4 пати во страшен инцидент на Дакар релито (ВИДЕО)

Двајцата возачи имаа среќа да си заминат неповредени по големиот инцидент на релито Дакар.

Скриншот Твитер

Бенедиктас Ванагас и неговиот совозач Филипе Палмеиро се обидуваа да напредуваа во Фазата 4 во пустината во Саудиска Арабија.

Но, налетувајќи на една песочна дина, нивното возило полета и се преврте четири пати.

Оставајќи зад себе делови и губејќи го предниот браник, нивната тојота успеа да се приземји на тркала со возачот и навигаторот неповредени.

Првично не се знаеше дали двојката ќе успее да го поправи возилото и да се врати на петтиот ден на исцрпувачкото рели кое треба да заврши на 14 јануари.

Меѓутоа, Ванагас на Инстаграм објави дека тоа нема да се случи.

„Дакар заврши. Најважно е што ние сме океј“, напиша тој.

Легенда под Главна слика

Скриншот Твитер

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе