СУПЕРАВТОМОБИЛИ ЗА МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Автомат за луксузни автомобили во Сингапур ви исфрла ферарија, поршиња... (ВИДЕО)

Футуристички 15-катен изложбен салон во Сингапур, наречен „најголемиот автомат за луксузни автомобили во светот“, почна да им нуди на клиентите суперавтомобили за милиони долари, односно „ферарија“, „бентлија“, „ламборџинија“ и „поршиња“.

Објектот, изграден од дилерот на користени автомобили Аутобан моторс (АБМ), личи на систем „рибина коска“ и може да го минимизира отпорот на ветер. Околу 60 луксузни автомобили се изложени во неговата осветлена витрина.

Возилата што се нудат варираат од современи луксузни спортски автомобили до класици, меѓу кои и „морган плус 4“ од 1955.

Според компанијата, корисниците на приземјето на огромниот екран на допир го избираат автомобилот што сакаат да го видат. Автомобилот пристигнува за минута-две со користење напреден систем за пребарување возило.

Целта на форматот на машината е ефикасно да се користи просторот во државата, која кубури со земја, а и да се истакнеме од конкуренцијата, рече генералниот директор на АБМ, Гери Хонг.

„Моравме да ја почитуваме потребата за складирање голем број автомобили. Во исто време, сакавме да бидеме креативни и иновативни“, изјави тој за Ројтерс, додавајќи дека постои интерес за користење на системот на автомобилски инвентарски менаџмент за паркинг-услуги.

Американската компанија Карвана исто така користи автомати како кули за да продава користени автомобили. Во март таа отвори осумкатен објект, кој содржи до 30 автомобили во Сан Антонио, Тексас. Севкупно, компанијата има четири локации низ САД, а првиот автомат за автомобили беше отворен кон крајот на 2015 година. Клиентите на Карвана уфрлаат паричка во отворот и си го одбираат својот нов автомобил на автоматот или автомобилот им се доставува директно до врата.

Објавено

Понеделник, Мај 15, 2017 - 18:21

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе