На 3, 4 и 5 јуни

Авто плус нè кани на третото издание на Стрит шоу

Специјализираниот магазин Авто плус на 3, 4 и 5 јуни го организира третото издание на автомобилистичкиот настан Стрит шоу, кој, во недостиг на вистински автомобилски саем во Македонија, на свој грб презема дел од таа одговорност и веќе преминува во традиција.

„Во 2019 година, за првпат по цели 13 години, Авто плус, најстариот автомобилски медиум во Македонија, успеа да ги организира и собере македонските увозници и дилери на заеднички собир на кој добија можност да ги презентираат сите новитети и актуелните понуди на своите марки пред пошироката јавност. Сега, три години подоцна, на едно многу повисоко и поорганизирано ниво, Стрит шоу ќе се одржи по третпат, а во меѓувреме успеа да се покаже како исклучително успешна манифестација која дојде како сериозно освежување под македонско небо“, порачува Авто плус.

Како и минатата година, годинешното издание ќе се одржи под отворено небо пред СЦ Борис Трајковски, а посетителите ќе можат на едно место да ги погледнат новите автомобили, мотоцикли и автомобилска галантерија и додатоци.

Авто плус е еден од ретките медиуми кој организира вакви настани за јавноста, покрај Изборот на автомобил на годината и наградата Златно тркало, и нè кани на третото издание на мини-саемот на автомобили под отворено небо.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе