Ауди С8 – новиот „господар на прстените“ има 563 коњски сили (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ауди ја претстави најсилната верзија на својата најголема лимузина А8, која беше подновена пред две години, и изгледа прилично надмоќно.

 

Првото нешто што треба да се знае за новиот С8 е дека има 4,0-литарски V8 мотор со две турбини и најмалку 563 коњски сили со 800 њутнметри вртежен момент. Овој мотор не е само моќен туку е најавен и како релативно ефикасен бидејќи ја има „мајлд хибрид“ технологијата со 48-волтен систем кој треба да ја зголеми економичноста.

Најновиот модел од семејството А8 дизајнерски незначително се разликува од „обичните“ верзии на лимузината, пред сѐ поради преднот браник кој на С8 му дава поспортски изглед. Сепак, козметиката тука има секундарно значење, бидејќи поважно е она што се наоѓа под хаубата.

Силата на сите 4 тркала се пренесува преку кватро системот на Ауди со спортски диференцијал. Стандардно е и управување со сите четири тркала, за подобри маневарски карактеристи при помали брзини и уанпредена стабилност при поголеми брзини.

Ако основната верзија не ви е доволна, може да доплатите за карбон-керамички сопирачки со дискови со пречник од 16,5 инчи напред и 14,6 инчи позади. Стандардна опрема е активниот систем на амортизација, а новиот С8 има и технологија за детекција на дупки на парор. Кога со помош на камерите на предниот дел на автомобилот ќе се идентификува дупка на асфалтот, амортизацијата автоматски се нагодува за минувањето преку нерамнините да биде поудобно.

Новиот ауди С8 во салоните треба да стигне до крајот на годината, а цената ќе се знае пред почетокот на продажбата.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе