РС 6 авант

Ауди претстави нов супер-карван со 600 коњски сили! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Суперспортски карвани се влезени во ДНК на Ауди и компанијата не разочара со претставувањето на новиот РС 6 авант.

 

Дебито „во живо“ е веќе закажано за Франкфуртскиот автомобилски саем, а РС 6 авант има 4,0-литарски V8 со две турбини кој развива 600 коњски сили. Поврзан е со осумбрзински автоматски менувач кој силата ја пренесува на кватро погонот на сите тркала. Целата оваа комбинација му овозможува на автомобилот да летне од 0-100 км/ч за 3,6 секунди, пред да ја достигне електронски лимитираната максимална брзина од 250 км/ч.

Кога сме кај перформансите, карванот доаѓа со специјално нагодена адаптивна воздушна суспензија и спортски диференцијал кој ветува „подобрување на агилноста во свиоците со активна распределба на вртежниот момент меѓу предните и задните тркала“.

Што се однесува до дизајнот, моделот ги следи стапките на А6 и С6 авант. Меѓутоа, има цела низа измени кои сугерираат дека ова не е обично возило за до продавница.

На предниот дел, РС6 има истакна „синглфрејм“ маска со црна решетка кои се уникатни за овој модел. Тука се и набабрената хауба, огромните отвори за воздух и сребрениот сплитер.

Спортскиот настап продолжува наназад со агресивните странични спојлери и „крилото“ поставено на петтата врата. Тука се и огромните тркала поткрепени со керамички сопирачки. А целиот впечаток го заокружуваат двојниот издув и уникатниот заден браник со интегриран дифузер.

За новиот спортски карван доволно кажува изјавата на директорот на Ауди спорт, Оливер Хофман, кој кажа дека моделот има „голем потенцијал“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе