„Сексуално провокативна“ и „небезбедна“

Ауди повлече контроверзна реклама со девојче (ФОТО)

Германската компанија се извини поради рекламата на која е прикажано мало девојче како јаде банана пред спортски автомобил, што веднаш предизвика лавина од критики на социјалните мрежи.

Audi

„Го слушаме вашиот глас, но да расчистиме: Ние се грижиме за децата“, напишаа на Твитер и додадоа:

„Искрено се извинуваме за фотографијата и ќе се потрудиме да не биде користена во иднина“.

Критичарите на рекламата укажаа дека позата на девојчето е „сексуално провокативна“ и „опасна по живот“.

Некои истакнаа дека возачот никако не би можел да види толку мало дете потпрено на предниот браник на автомобилот чија глава не ѕирка многу над хаубата. Други ја критикуваа сексуалната сугестија на фотографијата, укажувајќи на симболите како бананата и моќниот автомобил во позадина.

Слоганот на Ауди на англиски јазик над спорната фотографија гласи: „Срцето нека ви чука побрзо – во секој поглед“.

Германската компанија кажа дека отворила истрага како дошло до објавување на фотографијата.

Спорната реклама со девојчето е снимена за промоција на ауди РС4 авант, а Ауди овој спортски карван го рекламира како семеен автомобил, што веројатно и ја предизвика лавината негативни критики на социјалните мрежи.

Легенда под Главна слика

Audi

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе