Ауди го претстави е-трон ГТ – увид во електричната иднина на луксузот со перформанси (ФОТО+ВИДЕО)

Ауди го претстави својот најнов додаток во својата растечка понуда на целосно електрични модели: елегантен и спортски седан со четири врати, ниска линија на покривот и силуета на купе. Е-трон ГТ несомнено е еден од највпечатливите дизајни на Ауди во последните години, и се позиционира на врвот на хиерархијата на моделите на премиум марката – и со цената и со новата технологија.

 

Со е-трон ГТ, Ауди „пука“ на балансирање на секојдневната употребливост со спортски перформанси, нудејќи ривал и на тесла модел С и на порше тајкан. Поставен е на премиум спортската платформа Ј1 на Фолксваген групата дизајнирана од Порше, што значи дека е-трон ГТ ја дели својата ДНК со тајканот.

Ќе се нуди во две верзии, „обична“ и екстремно спортската РС, и ќе биде еден од најмоќните сериски модели на Ауди. Сите модели имаат концепција со два електрични мотори и двобрзински пренос за да се помогнат перформансите. Ја има новата електрична архитектура на Ауди со 800 волти која овозможува уште побрзо полнење, а батеријата од 86 киловат часови овозможува радиус од 488 километри според европскиот ВЛТП стандард.

Како што открива ознаката, е-трон ГТ е дизајниран пред сè како трансконтинентален голтач на километри. Практичноста е нешто што Ауди постојано го истакнуваше на презентацијата. Компанијата тврди дека, и покрај ниската линија на покривот, во е-трон ГТ може комотно да се сместат четворица, со доволно простор за главите. Има и заден багажник од 405 литри, како и дополнителен од 85 литри на предниот дел.

Основниот ауди е-трон ГТ има комбинирана моќност од 476 коњски сили и вртежен момент од 630 њутнметри, додека РС е-трон ГТ има поголема моќност, со 598 коњски сили и вртежен момент од 830 њутнметри.

И двете верзии имаат концепција со два електромотори, по еден на секоја оска.

Батеријата на е-трон ГТ е со рамно дно, што значи дека е поставена уште пониско во автомобилот, со што е добиен центар на гравитација кој наводно е подобар од тој на суперавтомобилот ауди А8.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе