Само што почна продажбата

Ауди го повлекува својот нов електричен кросовер е-трон поради ризик од пожар

Ауди повлекува околу 2.000 примероци на својот нов електричен кросовер етрон поради можен ризик од пожар.

Според компанијата, тие откриле потенцијално дефектна изолација која може да пропушти влага да навлезе во просторот на батериите. Доколку ова се случи, Ауди вели дека може да настане краток спој, а во екстремни случаи „термален инцидент“.

Компанијата истакнува дека сѐ уште не се пријавени инциденти, но поради претпазливост тие спроведуваат доброволно повлекување. Со повлекувањето се опфатени околу 2 илјади примероци, но поправката ќе биде возможна најрано во август.

Проблемот со етрон доаѓа во лошо време бидејќи Ауди многу вложи во развојот на своите електрични автомобили. Исто така, проблемот на германската компанија доаѓа по серијата пожари на моделот С на Тесла, што може да ја доведе во прашање безбедноста на електричните автомобили.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе