Ауди е-трон ГТ концепт се провози низ Лос Анџелес (ВИДЕО)

Е-трон ГТ концептот на Ауди е резултат на соработката со Порше, и ги користи истите платформа и батерии како моделот тајкан.

Лошата вест е што ќе треба да причекаме барем до 2021 година додека да стигне до првите купувачи, и тоа ако почне да се произведува најдоцна до крајот на 2020. Добрата вест? Концептот е речиси спремен за сериско производство, што значи дека ќе имаме на што да се радуваме.

Почнувајќи од перформансите, Ауди тврди дека радиусот на целосно електричниот автомобил е 400 километри, иако таа бројка може да се смени во сериската верзија. Е-трон ГТ концепт може да се дополни до 80 отсто од капацитетот за само 20 минути за радиус од 320 километри.

Комбинацијата од два електромотори со комбинирана моќност од 590 коњски сили му овозможува од 0-100 км/ч да стигне за 3,5 секунди и да забрзува сѐ до максималните 240 км/ч.

Каков е за возење? Според Роберто Болдвин од Ендгаџет прилично забавен, дури и при мала брзина низ Лос Анџелес. Тој вели дека амортизацијата не е готова за сериско производство, но покрај тоа, речиси сѐ останато е.

Според него, целото возило е „околу 95 отсто подготвено за сериско производство“.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе