Ауди е-трон ГТ е електричен супер-седан за блиската иднина (ФОТО+ВИДЕО)

Новиот концепт е-трон ГТ на Ауди изгледа спремен да го освои светот за момент. Голем е приближно колку А7 спортбек, но изгледа далеку поагресивно.

 

Концептот е долг 4,96 метри и широк 1,96 метри, исто колку А7 спортбек, што воопшто не е лошо. Што се однесува до висината и меѓуоскиното растојание, тие се 1,38 метри и 2,90 метри, по тој редослед.

Ауди е-трон ГТ е плод на соработката меѓу Ауди спорт и Порше, почнувајќи од платформата (истата што ја користи тајкан), па сѐ до батериите. Иако не е наведен точниот радиус на движење, целосно електричниот е-трон ГТ би требало да помине повеќе од 400 километри со едно полнење, и да се наполни до 80 отсто од капацитетот за околу 20 минути, за радиус од 320 километри.

Што се однесува до перформансите во права линија, е-трон ГТ би требало да им биде права конкуренција на РС моделите на Ауди, благодарение на можноста од 434 киловати, што се преведува во 590 коњски сили. Ауди очекува сериската верзија на е-трон ГТ со два електромотори да забрзува од 0-100 км/ч за околу 3,5 секунди, а да ситгне до 200 км/ч за малку над 12 секунди. Максималната брзина ќе биде ограничена  на 240 км/ч за да се зачува радиусот.

Ауди е-трон ќе почне да се произведува до крајот на 2020 година, а првите испораки ќе се случат дури на почетокот на 2021 година.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе