Целосно активна суспензија

Ауди дел по дел го открива новиот А8 (ФОТО+ВИДЕО)

Ауди продолжува да ни открива парче по парче од сложувалката на новата генерација на моделот А8 (Audi A8). Откако новата адмиралска лимузина на Ауди го однесе Спајдермен на премиерата на новиот филм на Марвел, и го откри најголемото новиот модел само делумно маскиран, сега се објавени и технолошките карактеристики на новото активно подвозје. 

 

Новиот ауди А8 ги докажува разновидните перформанси на патот. Благодарение на активната суспензија, корисниците ориентирани кон удобност добиваат бизнис лимузина која нуди стилско непречено возење со огромни погодности. Возачите ентузијасти ги добиваат сите карактеристики на спортски автомобил. Оваа флексибилност е овозможена благодарение на новата активна суспензија базирана на електричниот систем од 48 волти, кој за прв пат се користи како главен електричен систем. Новиот ауди А8 ќе го има своето светско деби на самитот на Ауди во Барселона на 11-ти јули, се вели во официјалното соопштение на германската компанија.

Новата активна суспензија на ауди A8 е целосно активна, електромеханичкиот систем за суспензија, кој го одвојува секое тркало поединечно и се прилагодува на условите на патот. Секое тркало има електричен мотор кој се напојува со електричен систем од 48 волти. Дополнителните компоненти вклучуваат запчаници, ротациска цевка заедно со внатрешна торзиска лента со титаниум и рачка којашто доведува до 1.100 њутнметри на суспензијата преку спојката.

Благодарение на предната камера, луксузната лимузина рано ги открива испакнатините на патот и предвидува прилагодување на активната суспензија. Дури и пред автомобилот да стигне до нерамнината на патот, функцијата за преглед со која се пофали Ауди го пренесува точното количество на придвижување и активно ја контролира суспензијата. На овој начин суспензијата реагира токму во вистинско време, практично целосно елиминирајќи ги вибрациите и ударите. Овој комплексен процес трае само неколку милисекунди, при што камерата генерира информации за состојбата на патот 18 пати во секунда. Електронската платформа на шасијата (ECP), ги обработува информациите за површината на патот и прецизно ги контролира сите компоненти на суспензијата речиси во реално време. Во комбинација со воздушната суспензија, фино подесена за A8, иновативниот концепт на суспензија обезбедува целосно ново чувство за возење на свој, единствен начин. Без оглед на високото ниво на удобност, новиот луксузен седан е „залепен“ за патот дури и во подинамичен стил на возење.

Активната суспензија специфично влијае и ги минимизира навалувањето на шасијата во свиоците и кревањето или спуштањето на предниот дел при сопирање или забрзување. Возачот може динамично да вози додека го држи возилото под потполна контрола или пак додека опуштено работи во задниот дел во автомобилот.

Иновативната комбинација на динамично управување на задната оска го решава конфликтот помеѓу агилноста и стабилноста, преку динамичното управување со сите четири тркала: управувачките карактеристики се спортски и директни, а истовремено обезбедуваат високо ниво на стабилност при маневрирање; Чувството на управувачот опфаќа широк распон од удобно подесување до интензивен чувстви за сѐ што се случува под тркалата. Кругот на вртење на A8 е помал од оној на A4.

Во поглед на внимателниот безбедносен систем на Ауди кој следи се во 360 степени, активната суспензија на новиот A8 ја води пасивната безбедност на потполно ново ниво. Системот користи сензори кои се вмрежени во централниот контролен асистент на возачот (zFAS), кој детектира ризик од незгода околу автомобилот. Во случај на неизбежен страничен судир при брзина поголема од 25 км/ч, актуаторите на суспензијата го подигаат делот од автомобилот изложен на ударот до 80 милиметри, во помалку од половина секунда. Како резултат на ова, ударот е пренасочен кон уште посилните делови на лускузниот седан, како што се страничните столбови и подната структура. Затоа, оптоварувањето кон патниците е намалено за дури 50 отсто, споредено со страничен удар каде автомобилот не се подига, открива Ауди.

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе