Астрата на Опел станува целосно електрична (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Опел го отвора следното револуционерно поглавје со новата астра: производителот на автомобили од Раселхајм ги објави првите слики од новата опел астра електрик. А во исто време со електричната верзија со пет врати, германската марка ја претставува и новата опел астра спортс турер електрик, првиот целосно електричен карван на Опел.

 

„Астра електрик и астра спортс турер електрик се вистински пионери: со новите електрични верзии на моделот со пет врати и на карванот, клиентите ќе имаат придобивки при секојдневните обврски во комбинација со удобноста, а пред сè без емисии и уживање при возењето. Ова е она што го мислиме кога зборуваме за разумно „позеленување“ на мобилноста“, кажа извршниот директор на Опел, Флоријан Хутл. „Во исто време, ние продолжуваме да ја спроведуваме нашата офанзива за електрификација. Новата опел астра електрик е важна пресвртница на нашиот пат да станеме целосно електричен бренд во Европа“.

Во иднина, купувачите на астра ќе можат да избираат од повеќе алтернативи на погони. Покрај високоефикасните мотори со внатрешно согорување, астра и астра спортс турер се веќе достапни како електрифицирани плагин хибридни верзии, вклучувајќи го и новиот врв на понудата, астра ГСе. А гамата на погонски склопови наскоро ќе биде надополнета со целосно електричната верзија астра електрик, која ќе може да се нарача од пролет 2023 година.

Како и сите верзии на астрата, двата електрични модели не само што импресионираат со смелиот и елегантен дизајн, туку и со нивните перформанси, порачуваат од Еуроимпекс. Новата астра електрик пренесува чиста забава при возење локално без емисија на штетни гасови. Електричниот мотор испорачува 156 коњски сили и моќни 270 њутнметри максимален вртежен момент - и двата модели од првиот допир на педалата за гас, обезбедуваат брзо стартување и убедливо забрзување. И додека многу други електрични автомобили се ограничени на 150 км/ч или 160 км/ч, новата електрична астра има максимална брзина од 170 км/ч. Во зависност од расположението на возачот, возачите на астра електрик можат да избираат помеѓу трите режими еко, нормал и спорт.

Енергијата се складира во литиум-јонска батерија од 54 киловат часови. 102-те батериски ќелии се сместени во 17 модули и гарантираат дека новата астра електрик може да покрие до 416 км локално без емисии во согласност со ВЛТП циклусот. Инженерите придаваат големо значење на ефикасното пакување и беа во можност да обезбедат примерен опсег со компактна големина на батеријата. На новата на новата астра електрик потребни ѝ се само 12,7 киловат часови електрична енергија на 100 км (14,9 киловат часови според ВЛТП), што го прави не само совршено, ефикасно возило за секојдневна употреба, туку и идеален придружник кој заштедува време на подолги патувања – како модел со пет врати или како карван спортс турер. Дури и кога електричната астра треба да се наполни, ова значи само кратка пауза на станица за полнење. Астра електрик може да се наполни до 80 проценти од капацитетот на батеријата за околу 30 минути на станица за брзо полнење со директна струја од 100 киловати. Дополнително, целосно електричната астра е стандардно опремена со трифазен вграден полнач од 11 киловати за домашен ѕиден полнач.

Батериите практично се сместени во долниот дел од каросеријата – така што во внатрешноста не се губи од просторот за патници и багажот. Дури и со исправени задни седишта, Астра спортс турер електрик нуди 516 литри простор во багажникот - со склопени седишта, капацитетот се зголемува до 1.553 литри. Друга предност: ниската положба на батеријата, исто така, им дава на астра електрик и астра спортс турер електрик безбедна и цврста позиција на патот, типично за моделите на Опел.

Новата астра електрик пренесува директно, динамично чувство при возење на прв поглед. Со смел и елегантен дизајн, целосно електричната Astra доаѓа со лицето вајзор на Опел, вклучувајќи дополнителен спортски дизајн на предниот браник во секое ниво на опременост. Друго што привлекува внимание се стандардните 18-инчни алуминиумски фелни со дијамантски сјај или целосно црн финиш. Опел со новата астра електрик отвора ново поглавје во компактната класа – емотивно, електрифицирано и, за прв пат, целосно електрично.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе