Астон Мартин го продава првиот ДБ4 ГТ континјуејшн (ФОТО+ВИДЕО)

Астон Мартин ја почна програмата Континјуејшн пред три години со ДБ4 ГТ континјуејшн, која е ограничена на само 25 примероци.

 

Сега компанијата го нуди на продажба првиот модел што го произведе во рамки на програмата.

Само со „доставна километража“, овој современ ДБ4 ГТ има сив екстериер со рачно обоени три ленти како и „вообичаените тркачки додатоци“ карактеристични за моделот.

Бидејќи автомобилот е дизајниран да биде идентичен на оригиналот, кој беше претставен во 1959 година, има алуминиумска каросерија со цевчеста рамка. Иако деловите се произведени со „најновата дигитална технологија“, каросеријата е рачно средена исто како на оригиналот.

Едно нешто што дефинитивно го нема оригиналот се карбонските тркачки седишта. Меѓутоа, остатокот од ентериерот е соодветен на годината на претставувањето на моделот.

Што значи и дека автомобилот има 4,2-литарски линиски шестцилиндерски мотор кој има по две свеќички по цилиндар. Дава 350 коњски сили кои преку четирибрзинскиот речен менувач се пренесуваат на задните тркала со диференцијал со ограничено пролизгување.

Компанијата не кажува која е цената на автомобилот, но шефот на Астон Мартин воркс Пол Спајрс кажа: „Овој конкретен автомобил не е само првиот автомобил од програмата Континјуејшн кој може да се купи, туку има и исклучително мала километража“. Тој истакна дека „би требало да привлече значителен интерес од купувачите низ целиот свет“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе