„Во служба на нејзиното височество“

Астон Мартин ДБС суперлегера за 50 години на филм за Џејмс Бонд (ФОТО+ВИДЕО)

Астон Маертин одбележа 50 години од премиерата на филмот „Во служба на нејзиното височество“ (On Her Majesty’s Secret Service) од серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд со специјално издание на моделот ДБС суперлегера.

 

Една од важните „улоги“ во филмот во кој Бонд го глумеше Австралиецот Џорџ Лејзенби го имаше оригиналниот ДБС во специјална нијанса на зелена боја.

Во негова чест Астон Мартин направи специјално издание на супербрзиот гранд турер ДБС суперлегера, кој ќе биде произведен во само 50 примероци во истата боја.

Со специјалната верзија доаѓаат и специјални бандажи, редизајнирана маска на ладилникот, дополнителни карбонски детали и соодветни ознаки.

Под хаубата е стандардниот 5,2-литарски V12 битурбо мотор кој со осумбрзинскиот автоматски менувач на задната оска префрла 725 коњски сили.

Тоа овозможува ДБС суперлегера да забрза од место до 100 км/ч за 3,4 секунди со максимална брзина од 340 км/ч.

Цената на автомобилот кој уште сега е колекционерски примерок е 342.435 евра.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе