Практично и привлечно

Ами карго на Ситроен е веројатно најслаткото електрично доставно возило (ФОТО+ВИДЕО)

Дел од автомобилските компании веќе работат на електрични доставни возила, но ретки се тие што се мали и слатки како новиот ами карго на Ситроен.

 

Базиран на моделот ами, карго верзијата (мај ами карго) е наменско доставно возило дизајнирано за доставување мали пакети на кратки дистанци во урбани средини.

Иако моделот изгледа како обичното ами однадвор, ентериерот е целосно сменет за носење товар. Конкретно, совозачкото седиште е извадено и заменето со модуларна карго кутија која дава багажен простор од 260 литри и може да држи до 140 килограми тежина.

Кутијата овозможува фиксирање на товарот и врз неа има модуларна полица која држи 40 килограми тежина и може да се користи и како работна површина. Полицата може да се извади и има отсечен дел со А4 формат за хартија, брошури па дури и таблет.

Ами карго има и заден багажен простор со нагодлив под кој овозможува транспорт на предмети долги до 1,2 метри. Благодарение на овие измени, возилото има товарен простор од над 400 литри.

Што се однесува до перформансите, мај ами карго има литиум-ионски батерии од 5,5 киловат часови и електромотор со 8 коњски сили. Таа не баш возбудлива комбинација значи дека автомобилчето има максимална брзина од 45 км/ч и радиус на движење до 75 километри со едно полнење.

Иако перформансите не се возбудливи, Ситроен истакнува дека мај ами карго овозможува подобра заштита од доставните возила на две или три тркала.

Мај ами карго ќе почне да се продава во Франција во јуни, а цените ќе почнуваат од 6.500 евра.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе