Меркјури купе од 1949

Американска икона со батерии од Тесла и вртежен момент на локомотива (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Американската компанија Ајкон го претстави најновиот член на својата линија Дереликт, меркјури купе од 1949 година конвертиран на електрична енергија, но со зачувани оригинална патина и надворешност.

 

Додавањето на струјата во равенката е соработка на Ајкон со Стелт и-ви – ова меркјури купе е погонувано од двоен електромотор со 400 коњски сили и вртежен момент од 638 њутнметри во дизајн без менувач.

Комплетот од два електромотори се „храни“ од батерии на Тесла перформанс од 85 киловат часа кои се „стратегиски распоредени низ возилото“ за да се постигне најдобрио можен баланс на тежината. Ајкон тврди дека нивното меркјури купе може да мине меѓу 240 и 320 километри со едно полнење. Целосното полнење на батериите трае само 90 минути.

Ајкон малку се заиграле под хаубата на нивниот дереликт меркјури, создавајќи оригинална алуминиумска конструкција која личи на стар V8 мотор, додека електромоторите се сместени во тунелот за менувачот. Во алиминиумската конструкција всушност се наоѓаат контролерите на батериите и неколку батериски модули.

Пред да биде трансформиран во електричен автомобил, меркјури купето било целосно расклопено, со менување на сите гумени делови и додавање звучна изолација секаде каде што било можно. Автомобилот добил и сосема нова шасија со независна суспензија напред и назад.

Меркјури дереликт и-ви на Ајкон е специјализирана нарачка и во моментот е изложен на автомобилскиот саем СЕМА во Лас Вегас.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе