Со оригиналниот мотор

Американка поминала 1.600.000 километри со хјундаи! (ФОТО+ВИДЕО)

Просечен Американец годишно поминува 22.500 километри, односно 14.000 милји. Меѓутоа, Фара Хајнс минала дури милион милји, односно 1,6 милиони километри со својата хјундаи елантра.

 

Оваа жена од Канзас просечно минува 320.000 километри годишно додека доставува автомобилски делови и други производи.

Така за само пет години стигнала до милион милји на својот бројач на километражата во елантра од 2013 година, со оригиналниот мотор, што е толку исклучително ретко и имресивно што дури и јужнокорејската компанија била скептична.

Поради сето тоа инженерите на Хјундаи направиле неколку тестови и ја контролирале историјата на сервисите за да ја утврдат точноста на километражата.

Откако ја потврдиле валидноста, Хјундаи ја наградил Хајнс за лојалноста, па ја изненадиле со сосема нова елантра за 2019 година.

„Мојот хјундаи беше одличен автомобил. Клучот за достигнување милион милји е редовното одржување и, нормално, квалитетно возило“, кажа Хајнс.

Поради тоа што повеќе бројачи на километража (одометри) имаат максимално 999.999 милји, Хјундаи решиле да направата специјален амблем „А милион милји“ и да го додадат на инструмент таблата откако Фара ќе ја надмине границата и бројачот ќе се ресетира на нула.

Тој амблем сега е достапен за сите сопственици на возилата на Хјундаи кои минале милион милји.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе