Алфа Ромео е првата „жртва“ на спојувањето на Фиат/Крајслер и Пежо/Ситроен

Еден ден по спојувањето на ФКА и ПСА, на еден член на италијанско-американската групација му беа „исечени крилјата“.

Како што пренесуваат италијанските автомобилистички магазини, Алфа се откажува од моделите 8Ц и ГТВ кои беа дел од петгодишниот план претставен минатата година.

Овие два спортски модели требаше да се појават на пазарот во 2022 година, но шефовите на ФКА решија да ги ограничат инвестициите во нови модели.

Алфа Ромео во следните години ќе се фокусира на сегментот на кросоверите, па дури и ќе го прошити семејството со моделот тонале.

За 2022 е планиран уште еден квази теренец, но во уште пониската Б-класа, најверојатно најавуваната замена за згаснатиот градски компактен модел мито.

Во меѓувреме ќе бидат дизајнирани моделите џулија и стелвио.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе