Вкупно 24 модели се натпреварувале во категоријата „лимузини и карвани/сериски автомобили“, а победникот е алфа ромео џулија квадрифољо.
Најмоќната верзија на овој модел го наследи моделот алфа ромео стелвио квадрифољо, кој беше победник во својата категорија во изборот на магазинот Ауто билд спортскарс пред точно една година. Не само што двете возила ја освоија истата награда, туку и ги придвижува истиот V6 битурбо бензински мотор, кој дава 510 коњски сили.
Џулија квадрифољо претставува доказ за извонредноста на марката Алфа ромео, и уште посилен израз на перформансите, победничката ДНК и препознатливиот италијански стил. Процесот на обнова на гамата е заокружен со концентрацијата на софистицирани технички решенија како и оние за перформансите, а џулија го отелотворува најпрефинетиот израз на функционалноста на италијанскиот дизајн, и сето тоа во единствениот стил на марката Алфа ромео кој не може да се копира, смета Ауто билд спортскарс.
Нејзините перформанси, кои се водечки во класата, ги гарантира 2,9-литарскиот битурбо V6 мотор кој е целосно изработен од алумниум, способен да развие дури 510 коњски сили и 600 њутнметри вртежен момент при 2.500 вртежи во минута. Осумбрзинскиот автоматски менувач е нагоден да ги оптимизира флуидноста во возењето и комфорот. Во модусот Рејс, џулија го изразува својот полн потенцијал менувајќи со брзина на молња, за само 150 милисекунди.
На натпреварот за „Спортски автомобил на годината“ уредниците на магазинот Ауто Билд спортскарс им претставија на читателите избор од 117 модели во 10 натпреварувачки категории, од мали автомобили до кросовери, во стандардни и засилени верзии.