Ќе ни недостига

Алфа ромео џулиета по десет години заминува во пензија

Италијанската компанија потврдид ека до крајот на оваа година ќе го прекине производството на својот компактен автомобил кој се продава уште од 2010 година.

Како што е најавено, џулиета нема да добие директен наследник, а наместо неа Алфа Ромео на купувачите ќе им го понуди компактниот кросовер тонале, бидејќи компанијата смета дека тој тип возило подобро се продава од хечбекот.

Оваа одлука на шефовите на Алфа Ромео е во согласност со трендот во автомобилската индустрија каде повеќето произведувачи во својата понуда „мора“ да имаат квази-теренец во Ц-сегментот.

Алфа се правда со тоа дека, иако тонале ќе биде модел со поголемо растојание од тлото, ќе станува збор за „вистински возачки автомобил“ со „спортски“ карактеристики по кои е позната италијанската марка.

Алфа ромео тонале концепт

Џулиета од 2010 се произведува во фабриката Пједимонте Сан Џермано. Најдобро се продаваше во следната, 2011 година, кога на купувачите им беа испорачани 78.911 примероци од автомобилот.

Меѓутоа, продажбата потоа опаѓаше од година во година, па во 2019 година беа продадени само 15.690 возила.

За споредба, „кралот“ на класата и најсилниот конкурент – фолксваген голф во 2011 година привлече речиси половина милион европски купувачи, додека во 2019 во Европа продаде над 410.000 голфови.

Од друга страна, Алфа Ромео за десетина години продажба испорача вкупно малку повеќе од 400.000 примероци од џулиетата.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе