Концепт од времето на клинестите автомобили

Алфа 33 навахо – враќање во иднината од 1976 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Седумдесеттите години беа времето на клинестите спортски автомобили, а овој концепт на Алфа Ромео е еден од најинтересните. Дијазниран од Бертоне, суперавтомобилот инспириран од вселенските бродови дебитираше во 1976 година на автомобилскиот саем во Женева. Беше последниот од повеќето концептни автомобили направени врз култниот 33 страдале од страна на повеќе италијански дизајнерски куќи, а сите беа чудни со уште почудни имиња: карабо, игуана и кунео.

 

Производството на алфа ромео 33 страдале заврши во 1969 година. Реткиот спортски автомобил, со само 18 направени примероци, беше крајот на ерата на еден од највпечатливите дизајнерски јазици на Алфа Ромео. Впечатливо дизајнерски поразлични (иако сепак култни) моделите како ГТВ и монтреал пристигнаа во 1970-тите заменувајќи го течниот профил на 33 страдале со поаглест изглед.

Некое време откако заврши производството на 33 страдале, Нучио Бертоне успеал да набави една шасија и го одвел дизајнот во нова чудна насока. Еден од шесте уникатни концепти, вклучувајќи ги и карабо, игуана и кунео, дизајнирани од Бертоне, Џуџаро и Пининфарина, концептот навахо има за тоа време невиден изглед инспириран од иднината а не од култното минато на Алфа.

Издолжувајќи ја основата на 33 страдале и со помош на стаклопластика (фиберглас) за изработка на каросеријата, Бертоне го претстави концептот 33 навахо во Женева. V8 моторот од 2,0 литри и 230 коњски сили е поставен зад возачот. Во внатрешноста, кабината нуди повеќе место за двајца патници. Аглестиот изглед, фаровите на извлекување, порткаловите детали и потписот на Бертона на задното крило му дадоа на навахо најфутуристички изглед од сите други концепти базирани врз 33 страдале.

За жал, како што е случајот со многу други концепти во тоа време, Бертоне направи само еден примерок од 33 навахо. Има гласини дека кога бил нов, концептот бил проценет на 3 милиони долари, но не се знае дали некогаш бил продаден, и дали Бертоне некогаш планирал да го продаде. Сепак, алфа ромео 33 навахо од Бертона е интересен изглед на она што можело да биде.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе