Најпознатиот тјунер на Порше

80 години: приказната на Руф (ВИДЕО)

Руф објави епско 30-минутно видео со детали за потеклото на марката и како стана синоним за тјунирање и подобрување на моделите на Порше.

 

Она што не им е познато на многу луѓе е дека Руф аутомобил не почнала со преработка на поршиња, туку првично била гаража за сервисирање отворена од Алојс Руф Постариот. Компанијата Руф почнала да експериментира со автомобилскиот дизајн на крајот на 1940-тите и дури произвела автобус во 1955. Дури откако Алојс Руф Помладиот ја презел компанијата таа се фокусирала на Порше во 1970-тите.

Кога дознал дека Порше планира да го замени култниот 911 со 928 со погон на предните тркала, Руф почнал да работи на сопствен 911. Во 1977 првиот завршен модел на компанијата е тјунирана верзија на порше 930.

Руф станува светски позната во 1987 со претставувањето на култниот ЦТР „жолта птица“, главниот актер на легендарното видео на кое се гледа како автомобилот вози по Нирбургринг со феноменална брзина. Автомобилот има 3,4-литарски битурно шестцилиндерски мотор со 463 коњски сили и максимална брзина од впечатливи 342 км/ч. Како што е редот, голем дел од ретроспективата во видеото се фокусира на овој модел.

„Низ годините, приказната на Руф беше одбележана од клучни моменти во нашата историја“, вели Руф Помладиот во филмот. „Овој филм ја трга завесата. Сакаме да споделиме со светот дека работата на стотици и страста на многу повеќе нѐ донесоа таму каде што сме сега. Ова е за вработените, муштериите и обожавателите кои помогнаа нашата визија да стане реалност“.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе