60 години подоцна, масерати 5000 ГТ 2+2 сѐ уште е купе што го одзема здивот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Поминаа 60 години откако Масерати го претстави 5000 ГТ на автомобилското шоу во Торино, каде стана ѕвезда на настанот. Сега, италијанската марка го прославува овој култен модел потсетувајќи нѐ зошто е посебен.

 

Како прво, ова е ограничена серија, со само 34 примероци произведени во Виале Чиро Меноти фабриката во Модена. 5000 ГТ бил произведен и по конкретно барање на иранскиот шах Реза Пахлави, кој сметал дека 3.000 ГТ не е доволно моќен.

Откако го слушнал ова барање, техничкиот директор на Масерати во тоа време, Џулио Алфиери, сфатил дека ќе мора целосно да го редизајнира автомобилот за да ги задоволи барањата на муштеријата.

Првично наречен проект АМ103, евентуално станал нов автомобил, со V8 моторот од 450С, но со зголемена работна зафатнина на речиси 5,0 литри. Првата каросерија во меѓувреме била направена од Кароцерија туринг, иако речиси сите водечки италијански дизајнери како Пининфарина, Бертоне, Гиа, Вињале, Алемано и други придонеле во еден или друг момент.

Благодарение на 5000 ГТ Масерати докажал дека може да создава престижни автомобили, наменети за многу важни личности кои бараат ексклузивност покрај перформансите.

А што се однесува до перформансите, 4,9-литарскиот V8 првично давал 325 коњски сили, иако по 1960 мочноста била згоелемена на 340 коњски сили. на почетокот бил во комбинација со четирибрзински менувач, а петбрзински станал достапен од 1963 година.

Со тежина од околу 1.500 килограми, масерати 5000 ГТ можел да достигне максимална брзина од околу 270 километри на час.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе