Нова класа

60 години од моделот 1500, автомобилот кој го внесе БМВ во модерната доба (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога во 1961 година на саемот на автомобили во Франкфурт беше претставен БМВ 1500, веднаш беше јасно дека успехот е загарантиран.

 

На крајот на педесеттите, на германската компанија очајно ѝ требаа нови пари за развој на автомобили.

Компанијата долго балансираше на работ, тетеравејќи се како акробат-почетник, а спасот се наѕираше во инвестицијата на семејството Квант, кое во 1960 година ја презема контролата врз БМВ.

Веднаш почна да се работи на таканаречената „Нова класа“ (Neue Klasse) возила со мотори од 1,5 и 2,0 литри. Во тој среден сегмент се криеше богатството, односно приликата компанијата во проблеми конечно да тргне во пловење во помирни води на благосостојба и просперитет.

Семејството Квант непосредно пред завршувањето на дизајнот побараа во предната маска да се вклопат „бубрезите“, а целиот автомобил пленеше со едноставност и функционалност.

Со маса под еден тон и должина од 4,5 метри, имаше независна амортизација на сите тркала и напред поставен 1,5-литарски мотор со 75 коњски сили (во производството силата порасна на 80 коњски сили поради зголемувањето на компресијата од 1:8,2 на 1:8,8).

Наводно на саемскиот штанд на БМВ имало толкава гужва што љубопитните посетители чекале со часови за одблиску да го видат 1500.

Производството почна во 1962 година, а со максималната брзина од 150 км/ч и забрзување до 100 км/ч за 15 секунди, тоа беше поприлично жесток седан за своето време.

Чинеше 9.385 германски марки и конечно на БМВ му овозможи масовно производство и профит. Врз основа на БМВ 1500 настанаа и други модели, прво 1800, па наследникот на 1500 – БМВ 1600, и одличниот БМВ 2000.

Од 1965 до 1969 година Карман изработи и две купеа на база на „Новата класа“, 2000 Ц и 2000 ЦС.

Пред појавата на „Новата клас“ БМВ беше „тркач“ со скромен капацитет на белите дробови и потенцијал за откажување.

По одличниот прием од страна на муштериите, баварската компанија во 1972 година беше во залет кој ќе продолжи со низа успешни модели.

Скратената платформа на „Новата класа“ послужи и за серијата 02 (1966-1977), на чело со легендарниот 2002.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе