Алтернативна зимска опрема

3.000 шајки заварени на челични бандажи наместо зимски гуми (ВИДЕО)

Зимски гуми со железни клинци се добра идеја доколку некој сака да вози на замрзнати патишта. Тие се вкопуваат во мразот, овозможувајќи му на возачот да ја задржи контролата врз автомобилот. Меѓутоа, во повеќето земји тие се забранети (особено во незимските месеци), бидејќи истражувањата покажаа дека се вкопуваат и во асфалтот и го оштетуваат.

Во споредба со тркала направени од шајки од страна на овој руски занаетчија, меѓутоа, таквите гуми се шега. На Јутјуб се појави видео на многу трпелив човек од Русија кој заварил 3.000 шајки на два стари челични бандажи. Тој потоа ги ставил необичните тркала на предната оска на лада 110 и го тестирал автомобилот.

Зачудувачки, клинците успеале да ја издржат тежината на автомобилот и дури да овозможат солидно триење при ниски брзини на асфалт покриен со снег и мраз. Проблемите се појавиле кога возачот се обидел да вози малку побрзо. Кога „машки“ стиснал на гасот, дел од шајките почнале да се виткаат под оптоварувањето, значително менувајќи ја тркалезната форма на предните тркала. Но, на изненадување на возачот, шајките останале на своето место.

Интересно е тоа што на пооштетеното лево тркало, растојанието меѓу шајките било околу 15 милиметри. На десното тркало биле заварени на околу 10 милиметри една од друга, што резултирало со поиздржлив комплет. Како заклучок, „мајсторот“ вели дека требало да употреби пократки шајки со што тркала би биле уште поиздржливи.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе