11 ганц нови „бемвиња“ серија 5 Е34 најдени во стар магацин во Бугарија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Не едно, туку 11 примероци БМВ Е34 серија 5 беа најдени како седат заборавени во стар магацин во Благоевград во Бугарија, со нула поминати километри. Десет седани и еден карван, или туринг, ако инсистирате.

 

Според бугарски Аутоклуб, автомобилите, кои никогаш не биле возени ниту регистрирани, се дел од пропаднат договор за лизинг, иако деталите се малку матни околу тоа зошто некој би ги ставал во магацин наместо да ги вози или да ги препродаде.

Од она што се гледа на фотографиите, автомобилите се модели 520и и 525и. Состојбата на надворешноста е различна – кај некои „Е34-ки“ се гледаат знаци на избледена боја, додека на други им недостигаат раткапни и капачиња на резервоарот. На еден од автомобилите му е скршен задниот прозорец.

На фотографиите од внатрешноста се гледа дека автомобилите не се возени, а седиштата се сѐ уште покриени со заштитна мушама, а инструмент таблата, воланот и рачката на менувачот се ганц нови.

Сѐ уште не се знае дали автомобилите биле одржувани во текот на годините или биле едноставно оставени. Гумените црева може да се исушат по толку години во магацин, а да не зборуваме за течностите во моторите и сопирачките, гумите на тркала и слично.

Сите 11 автомобили ќе бидат понудени на аукција во Бугарија, а цените наводно ќе почнат од 15 илјади евра за примерок.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе