100 години историја на Мазда во една минута (ВИДЕО)

Јапонскиот произведувач го одбележува 100-от роденден со интересно видео.

Приказната за Мазда почнува пред еден век, кога компанијата за изработка на плута Тојо корк когио ко почнала да изработува машини.

Деценија подоцна, во 1933, Мазда го направила првото моторно возило – трицикл. Ова возило доживеало голема популарност во Јапонија, па во следните години било константно унапредувано.

За време на Втората светска војна Мазда се свртела кон производството на оружје, но набрзо по завршувањето на воените судири продолжила со изработката на комерцијални возила.

Компанијата имала амбиција да произведува патнички автомобили. Оваа идеја била реализирана во 1960 година со лансирањето на првиот автомобил – моделот Р360.

Р360 го поставил темелот на понатамошниот развој и производството на патничките возила. Следеше серијата 800, а потоа, во 1967 и славната мазда 110С / космо спорт, како прв сериски модел со ванкел мотор.

Овој тип на мотор беше преземен преку лиценца од германската компанија НСУ само неколку години претходно.

Ротациски мотори станаа заштитен знак на Мазда во децениите кои следеа.

Мазда во следните 50 години во светот продаде речиси 2 милиони автомобили со ваков мотор.

Меѓу најзначајните модели се спортскиот ар-икс-7, лансиран во 1978, како и првата мазда6 која се појави во 2002 година.

Погледнете го видеото во кое се собрани 100 години на историјата на Мазда.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе