Амбасадата на САД во Република Македонија изрази загриженост поради високото ниво на загадување на воздухот во Скопје и постави прашање „Какви предлози имате вие за почист воздух во Македонија?“.
На ова амбасадата на Русија во Македонија, исто така преку Твитер, одговори: Бидејќи нашите пријатели од Амбасадата на САД бараат идеи за загадувањето на воздухот во Скопје, би сакале да им го предложиме следново решение - и е дадена скица од планираниот гасовод „Турски тек”, кој според првичните планови треба да поминува низ Македонија.