За гласањето за прием на Косово во Интерпол

Вучиќ: Подгорица и Скопје покажаа дека Приштина им е многу поважна

Србија кон Македонија и Црна Гора ќе се однесува одговорно, но во согласност со нивните односи кон Србија, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ, по повикот на министерот Вулин Србија да ја промени својата политика кон Црна Гора и Македонија по гласањето за членство на Косово во Интерпол.

Вучиќ денеска оцени дека Скопје и Подгорица на седницата на Интерпол покажале дека Приштина им е многу поважна од Белград, како и дека Србија „таа порака добро ја разбра“, пренесе РТС.

„Ние сакаме добри односи со нив, но сфативме кои се нивните приоритети. Ние ќе се однесуваме одговорно, почитувајќи ги, но добро разбирајќи на кое место сме им ние на нив и соодветно на тоа ќе се однесуваме во иднина“, рече Вучиќ по повод изјавата на министерот за одбрана Александар Вулин.

Вучиќ посочи дека одбивањето на приемот на Косово во Интерпол е мала, симболична победа, која ги израдувала граѓаните, бидејќи знаат дека нивната земја може да ги победи големите, кои многу повеќе вложиле од Србија, но не успеале во обидот. Се надеваме, рече тој, во иднина и на повеќебројни и на поголеми победи.

„Овие победи се за нашите деца да работат, да имаат сигурна иднина. Нашите луѓе секаде каде што живеат да бидат безбедни и сигурни. Ќе градиме и најблиски односи и со Република Српска, со почитување на интегритетот на БиХ и ќе се грижиме за нашиот народ не загрозувајќи никого друг“, рече претседателот на Србија.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе