Реакција

„Историчарот Ѓоргиевски или е некомпетентен историчар или намерно ја урива Македонија“

Вчерашната изјава на Драги Ѓоргиев, копретседателот на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, предизвика бурни реакции на македонските историчари и интелектуалци. Тие неговата изјава за тоа дека имало бугарска окупација, инвазија, но не и фашистичка ја сметаат, благо речено за несмасна. За режисерот Наум Пановски историчарот Ѓоргиев не ја разбира историјата. Пренесуваме дел од овие реакции објавени на нивните фејсбук-профили.  

Цар Борис се поздравува со Адолф Хитлер

Професорот Љубомир Цуцуловски својата реакција ја наслови „Нема дно“: Ако Бугарија не била фашистичка земја, туку само профашистичка, како што тврди првиот човек (од македонска страна) на Македонско-бугарската комисија за историски и о б р а з о в н и прашања Драги Ѓорѓиев, тогаш би било интересно да објасни во кое својство Царска Бугарија во декември 1941 година, непосредно после јапонскиот напад на Перл Харбур, им објавува војна (во исто време!) на Обединетото Краство и САД. Дали на овие земји профашистичка Бугарија им објавува војна како на фашистичи земји (ова би било епохално историско откритие) или како на дел од големата антифашистичка алијанса? Исто така, зошто Сојузничката авијација ја бомбардираше Бугарија во периодот 1943–1944 година – затоа што беше антифашистичка или затоа што беше фашистичка, дел од Тројната оска? Барем толку треба да знае и да објасни Драги Ѓорѓиев. Притоа, интересно е што неговата теза доаѓа само ден по ултимативното предупредување на Бујар Османи (налик на оние од времето на Енвер Хоџа) дека историричарите, што значи и науката, нема што да се мешаат во политиката. Ако некому уште нешто не му е јасно за што точно се работи, тогаш никогаш и нема да му биде јасно“.

Опасно е, многу опасно е по опстанокот на Македонија и по нејзината независност, по нејзиното културно, политичко и историско наследство и идентитет, а особено по нејзиниотдокажан антифашизам во текот на Втората светска војна и по неа, кога претседателот на македонскиот дел од мешовитата комисија која води бесмислени разговори за т.н. измислена заедничка историја со Бугарија, ја ревидира историјата и тврди глупости, пишува Наум Пановски.

„Тој е или некомпетентен историчар или намерно ја урива Македонија или пак разговорите ги води во свое име, а не во име на македонскиот народ. Бугарија под јаремот на Цар Борис III била фашистичка држава. Таа била фашистичка особено од нејзиното приклучување кон Тројниот палкти потпишувањето на пактот со Германија 1939 година. Бугарија до 1944 година била окупатор и извршител на воени злосторства во Македонија, делови од Србија и во делови од Грција. Меѓу многутте документи за нејзиниот фашизам веријатно најстрашен е бугарскиот Закон за заштита на нацијата кој стапува на сила на 23 јануари 1941 и важи до 27 ноември 1944. Според тој закон во текот на март 1943 година депортирани се повеќе од 20.000 Евреи од Бугарија, Македонија и Грција. Тоа е таа заедничка историја. Фактите се тие. Бугарите биле окупатори и злосторници, а Македонците, СРбите , Грците и Евреите биле нивни жртви Ако не знае „историчарот“ каде и како да го согледа и прочита тоа, со радост ќе му помогнам да научи. Да го потсетам на кусо: iима нешто што се вика елементарни логуично заклучување, историски контекст, длабок почит и огромен број фотографии и филмови од тоа време кои сведочат за бугарскиот фашизам како непобитни факти... а сликите се посилни од сите зборови“, напиша Пановски.

Бугарскиот санстефански сон се јавува како фашизоидно привидение, пишува во својата колумна за „Слободен печат“ историчарот Aлександар Литовски

„Во денешниот историскиот миг на европската изнемоштеност, непринципиелност и лицемерие, во време кога настапи сеопшто старечко гоење и гноење на европскиот дух, време кога почна да се јавува шупливост во декламациите за „нова Европа“, што попатно кажано беше и декламација на Адолф Хитлер и на неговите „прогресивци“, кога има видлив замор на европскиот разум, бугарскиот санстефански сон се јавува како фашизоидно привидение кое, за чудо, талка неказнето низ европските институции и е прифатено од европските бирократи. Бугарските националшовинисти наметливо гласно се движат по бриселските ходници како судии на историјата, божем ја испосркале сета светска историска памет и папагалски, до изнемоштеност, ги повторуваат своите антикомунистички флоскули, небаре така ќе ја скријат својата непореклива фашистичка определба од пред осумдесетина години и денес, својот тогашен пораз, ќе го претворат во победа“, напиша Литовски.

И за писателот Томислав Османли несфатливи се овие ставови за историчарот Ѓоргиев.  
„Од Македонија Бугарија не бидува, час поскоро да го сфатат западните партнери и да престанат да си играат со самобитниста на еден државотворен народ кој за слободата и државата се бореше во двата Илиндена. Мене ми е преку глава од езоповскиот јазик на европејската политичка импотенција. Нашата волја за евроасоцирање останува отворена. И толку веќе. Тие треба да ни го испорачаат одамна заслуженото не да отвораат нови, бескрајни хипокритски игри и да ја тераат нашата врхушка (наша ли е?!) на самоуништувачки отстапки по диктат на својот конзервативизам и на бугарскиот шовинизам. Време е да прекинеме со 'преговорите' со Бугарија во која тие поставуваат бескрајни живковистички барања, а нашата страна само ги прифаќа. Постои за среќа и една друга Бугарија, онаа што изнедри синови јако Георги Димитров и редица интелектуалци кои го прифаќаат македонскиот идентитет. За жал, нив жестоко ги укина сталинизмот; и тој сe уште жари и пали по 'националната' свест на тамошните екстремисти од Каракачанов до Захариева. За домашните 'еврофили по секоја цена' (и јас сум, инаку, еврофил!) не треба да се губи простор, како и за секое идеолошко или лукративно слепило - пред неумолливите факти на политичката реалност“, напиша Османли.
 
 

Легенда под Главна слика

Цар Борис се поздравува со Адолф Хитлер

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе