Бугарскиот министер за одбрана „добрососедски”

Каракачанов: Нема членство за Македонија во НАТО и ЕУ ако не признае заедничка историја со Бугарија до 1944

Господине Заев, не ја злоупотребувајте темата за македонскиот јазик. Тоа може да ве чини членство во ЕУ и во НАТО, му порача на македонскиот премиер бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, лидер на бугарската ВМРО.

Во изјавата, како што пренесува бугарскиот портал Њуз.бг, Каракачанов вели дека нема да дозволи компромиси со историјата на Бугарија, коментирајќи ја изјавата на Заев во македонскиот парламент дека со Договорот со Грција се признава македонскиот јазик и никој нема право да се спротивставува на тоа. 

„Северна Македонија е географско именување што вклучува и територии од Република Бугарија. Заев утре може да посака целосно идентичен бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик кај нас. Тоа е недозволиво. Тоа е провокација”, вели Каракачанов. 

Исто така, тој рече дека работата на бугарско-македонската комисија за историски прашања „оди во насока која не е во корист на историската вистина” и изразува загриженост од фактот што една ипол година по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија не е претставен „список на учебници од македонска страна во кои според тврдењата има националистички, реваншистички, авторитарни тврдења кои ја претставуваат Македонија како новоослободена бугарска земја и се против интересите на македонското општество”. 

„Најголемата дрскост од македонска страна е посегањето по приказната за Хан Кубрат, Цар Самуил, Браќата Миладиновци итн., за кои се претендира на историска припадност ”, вели Каракачанов и додава дека е против, како што го нарече, „агресивното однесување” на Македонија. 

Тој уште нагласува дека „македонските земји се бугарски и тоа е историски факт”. 

Според Каракачанов, историјата на денешна Македонија е заедничка со онаа на Бугарија до 1944 година, па тој бара анекс на Договорот за добрососедство во кој официјалните власти од другата страна на границата ќе го признаат тоа. 

„Ако се против тоа, нема да добијат наша поддршка за НАТО и ЕУ. Нема да дозволам компромиси со историјата”, вели Каракачанов. 

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе