Локални избори

Билал Касами кандидат на Беса за градоначалник на Тетово

Претседаелот на Беса ќе биде кандидат за градоначалник на Тетово. Оваа одлука вчера ја официјализираше и тетовскиот огранок на Беса.

Од градскиот плоштад во Тетово, Касами порача дека ќе се бори за европско Тетово. „Ќе го вратиме сјајот на Тетово, ќе му го вратиме животот, ќе му ја вратиме гордоста“, порача Касами на социјалните мрежи.

Вчера и ДУИ ја потврди Теута Арифи за нивна кандидатка за нов мандат на градоначалничката функција за Тетово.

Кандидат на СДСМ за оваа општина е стоматологот Хамдија Елезовиќ.

СДСМ, ДУИ и Беса се најголемите коалициски партнери во централната власт. Партиите се договорија за меѓусебна поддршка во вториот круг од локалните избори, ако некој од нивнитe кандидатИ во вториот круг се соочи со кандидат од опозицијата.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе