Македонија

Останато од Македонија

Денеска во средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид пензиските друштва го отворија вториот „Пензиски парк“ во рамки на кампањата „Засади желба, за поубава иднина“, која освен едукација и информирање на населението за придобивките од членувањето во задолжителниот и доброволниот пензиски фонд вклучува и општествено одговорни активности.

03 Декември 2021 - 20:32

Најверојатно ќе донесеме одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најавува министерот за економија Крешник Бектеши. Подготвен е предлог што утре или во вторник ќе биде доставен на разгледување до Владата.

03 Декември 2021 - 18:34

Владата наскоро ќе ги замрзне продажните цени на основните прехранбени производи, пред сѐ  – брашно, шеќер, ориз, маслото за готвење, а можеби и на месото, најавува министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

03 Декември 2021 - 15:50

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови - обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на групацијата Триглав.

03 Декември 2021 - 14:06

Претставниците на „Пекабеско“ АД Скопје, „ИМВ“ Битола, „Кораб Трница“, „Агро Вардарие“, „Тим ентерпрајс“ и „Биомарел шитаке“, преку средби, промоции, дегустации ги презентираа своите производи и потенцијалите за продлабочуање на соработката на пазарите во останатите земји од Западен Балкан на Меѓународниот саем во Тирана.

03 Декември 2021 - 08:54

Со два воено-транспортни авиони денеска во 9 часот од Бугарија се очекува на Меѓународниот аеродром Скопје да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс"-Скопје, што се случи на 23 ноември на автопатот „Струма" во близина на градот Перник.

03 Декември 2021 - 08:23

Формирањето нова влада во Софија останува услов за интензивирање на дијалогот со Скопје за надминување на спорните билатерални прашања и повлекување на деблокадата за старт на пристапните преговори со ЕУ. Според роковникот од уставните одредби најрано тоа е теоретски можно да се случи на 15 декември.

03 Декември 2021 - 08:15

Централниот совет на Алтернатива вечерва во Тетово треба да донесе конечна одлука дали ќе биде дел од Владата.

03 Декември 2021 - 07:06

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во синоќешнто интервју за емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат М говорејќи за проблемот со Бугарија и дали тој смета дека во декември може да се постигне договор и Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Евроспката Унија, упати порака до Радев и бугарската влада дека едностран договор потпишан од политички бегалец како Зоран Заев новата влада нема намера да го почитува.

03 Декември 2021 - 06:55

Времето денеска во Македонија че биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

03 Декември 2021 - 06:40

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе