Македонските фудбалери добиваат рис на дресовите (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со Белгија во мартовските мундијалски квалификации со нов дизајниран дрес од германскиот производител „Пума“, на кој првпат ќе има апликација на рис, пишува денеска весникот „Македонски спорт“.

Рисот, кое е заштитено животно во земјава ќе доминира на долниот дел на дресовите на Македонија и со тоа црвено-жолтите ќе влезат во друштво на десетици репрезентации, кои се познати по некое животно, пред се африканските земји, како Нигерија (орли), Камерун (лавови), Боцвана (зебри), Лесото (крокодили), Нигер (антилопи)... Од европските селекции, кај северниот сосед Србија заштитен знак се „бели орли“.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Пума имаат веќе еднодецениска соработка.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе