Црвенковски се уште живее во деведесетите години на минатиот век кога бил премиер и кога можел сам да носи одлуки. Тој мисли дека и денеска може да одлучува кој ќе биде министер и кога ќе има избори. Тој заборави дека тоа право го има онаа влада која ја добила довербата на мнозинството на граѓаните. Од каде му е таа идеја дека тој се уште е таков фактор, па без поддршка на народот може да бара такво нешто?
Ова вечерва на промоцијата на градоначалникот на Гевгелија го изјави Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски потсети дека во последните шест и пол години од Црвенковски „не видовме ниту програма, ниту ветувања, а уште подалеку нешто што е реално. Затоа најсигурна варијанта за спас за СДСМ е бојкотот на изборите“.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, од изјавите на Стевче Јакимовски се гледа како Црвенковски цело време го лажел членството дека власта ќе попушти на притисокот, дека ќе попушти на притисокот на меѓународната заедница и дека ќе имало и предвремени парламентарни избори.